Не мора телефонот да се потроши до 0% за да го полните

Објавено на 08.11.2021 во Туториали



Не мора телефонот да се потроши до 0% за да го полните

Батериите на старите телефони и новите се многу различни и не треба да се полнат на истиот, стар традиционален начин како што знаеме. Батериите на смартфоните имаат ограничен животен век, а начинот на кој што ги полниме дополнително може да ја намали нивната трајност. 

Корисниците обично знаат да го полнат телефонот во текот на ноќта до 100%, затоа што чекаат да се испразни целосно до 0%. Со тоа што го оствавате телефонот да се полни во текот на ноќта, не е добро за батеријата, затоа што таа се полни за околу два часа, а вам ви е приклучен по осум часа вкупно на полнач. Тоа всушност го забрзува процесот на слабеењето на батеријата.

Кога е најубаво да ја полните батеријата на вашиот смартфон? Кога ќе се намали до 30 или 50% капацитет, најубаво е тогаш да ја полните батеријата.