Недостатокот на чипови го натерале BMW да ги повлече екраните на допир

Објавено на 09.11.2021 во Новости



Недостатокот на чипови го натерале BMW да ги повлече екраните на допир

Недостатокот на чипови ги примора производителите на неочекувани потези, па така BMW кај дел од возилата ќе ги повлече екраните на допир. Одредени производители дури и го повлекуваат производството на одредени линии, а екраните исто така не се за потценување, затоа што се претворија во стандард за возилата.

Според објавата на форумот Bimmer Fest, BMW ќе ги повлече екраните на допир од Series 3, Series 4 coupe и cabrio, Series 4 Gran Coupe (освен i4), Z4, X5, X6, X7 (сите верзии ќе го изгубат и бекапот кон асистентот).