Twitter одлучи Илон Маск да продаде 10% од акциите на Tesla за да плати данок

Објавено на 09.11.2021 во Новости



Twitter одлучи Илон Маск да продаде 10% од акциите на Tesla за да плати данок

Најбогатиот човек на светот Илон Маск отвори анкета на Twitter за да бара совет од корисниците дали да продаде 10% од своето портфолио во Tesla за да го плати данокот. „Во последно време се зборува многу дека неостварената добивка е средство за избегнување на данок, па затоа предлагам продажба на 10% од моите акции во Tesla. Ќе се држам до резултатите на оваа анкета, без разлика како ќе заврши“, напиша Маск на Twitter.

Анкетата е отворена за сите корисници на Twitter, каде што тој има само 62,5 милиони следбеници. Резултатите веќе се готови, а Twitter заедницата гласаше дека треба да ги продаде своите акции. Останува сега да видиме дали тој ќе го плати данокот со продажба на оние 10% или не.