Роботот Cobi става вакцина без игла и без надзор од лекари!?

Објавено на 09.11.2021 во Новости



Роботот Cobi става вакцина без игла и без надзор од лекари!?

Роботот на компанијата Cobionix се вика Cobi. Cobi е претставен како автономна и разновидна роботска платформа, која што може да се конфигурира и да се прилагоди кон многу задачи, кои што роботот може да ги спроведе целосно сам без никаков надзор од човек.

Роботот Cobi е дизајниран со екстремна флексибилност на умот, при што за промена на професија му е потребна само надградба на софтверот и мала промена на алатките со кои што ќе работи. На ова видео може да видиме како Cobi вакцинира на алтернативен начин, ова е особено корисно за оние што се плашат од игла. Тој користи технологија на инекција без игла, која користи млаз на течност под висок притисок, а дебелеината е колку влакно од човечка коса, со цел да може да се вбризга вакцината длабоко во ткивото на раката.