DJI ги претстави дроновите Mavic 3 и Mavic 3 Cine

Објавено на 10.11.2021 во Новости



DJI ги претстави дроновите Mavic 3 и Mavic 3 Cine

DJI само што ги претстави Mavic 3 и Mavic 3 Cine дроновите. Mavic 3 Cine има можност за снимање видеа во Apple ProRes 422 HQ на 5.1K до 50 FPS! Дронот има веќе вградена меморија од 1TB, SSD диск. Цената на Mavic 3 Cine дронот чини вртоглави 4999 долари, што е нормално за ваквите спецификации. 

Стандардната верзија на Mavic 3 е поевтина и чини 2199 долари. Класичниот модел е со 4/3 CMOS сензор, а има и ProRes можности за снимање со вграден SSD диск. Двата дрона може да снимаат со 4K резолуција до 120 FPS и да фаќаат фотографии со резолуција до 20 мегапиксели. Главната камера изнесува 24 милиметарска леќа, а целиот систем доаѓа и со хибридна леќа за зголемување, која што дава и до 28 пати дигитално зголемување. Фокусот на леќата изнесува 162мм на f/4.4.

DJI дроновите доаѓаат со батерии што траат до 46 минути во лет.