Мислеле дека шефот на Instagram е мртов, му го заклучиле профилот

Објавено на 11.11.2021 во Новости



Мислеле дека шефот на Instagram е мртов, му го заклучиле профилот

Лажните вести е еден од најголемите проблеми на социјалните мрежи во последните години. Преку Facebook и Instagram се шират бројни лажни информации, кои што е невозможно да се спречат, а понекогаш е тешко да разликувате вистинска од лажна вест или претставува само алтернативен поглед на некој познат наратив.

Едноставно е да направите некоја лажна вест и да ја искористите најдобро. Тоа го покажува примерот на еден измамник, кој верувале или не, успеал да го заклучи профилот на Instagram кон извршниот директор на компанијата, односно социјалната мрежа. Тоа се случило уште во септември, а потврдена е веста и од самата компанија. Измамникот со корисничко име @Syenrai го исфрлил Адам Мосери, извршниот директор на Instagram, со тоа што направил лажна посмртница и ја испратил на Instagram, кој пак е направен на начин што ги заклучува профилите на сите починати лица. Тоа го потврдил и самиот кога го контактирале новинари.

Така му го заклучил профилот за многу брзо време. Се разбира, Мосери многу брзо реагирал и веднаш се расчистила ситуацијата.