Студент го заменил приклучокот на стариот iPhone и го продал на eBay за 86.000$

Објавено на 13.11.2021 во Новости



Студент го заменил приклучокот на стариот iPhone и го продал на eBay за 86.000$

Apple се уште користи Lightning конектор за полнење, затоа што се одлучни да не го воведат USB-C, иако регулативата ги приморува на тоа. Целта на регулативата е стандардизација на полначот, односно влезот за поврзување со ист полнач, универзалниот USB-C.

Студентот Кен Пилонер го модифицирал iPhone, така што наместо Lightning, вградил USB-C приклучок. За неговиот iPhone пишуваат сите светски медиуми, затоа што заработил многу пари со својот уникатен iPhone. На eBay го продал за неверојатни 86 илјади долари! Добил понуда дури и 100 илјади долари. Почетната цена на телефонот била само 1$.  





Прочитајте повеќе: