Instagram набрзо би можел да воведе опција за претплата и наплата

Објавено на 15.11.2021 во Новости



Instagram набрзо би можел да воведе опција за претплата и наплата

За повеќето социјални мрежи и комуникациски платформи, примарен начин за заработка беше рекламирање. Meta, новото име на Facebook, Twitter и другите сега експериментираат со нови начини за реализирање на приходи, при штои еден од тие начини е наплата на пристапот на содржините, односно воведувањето на претплата. 

На сите ни е јасно дека со воведувањето на општа претплата за сите корисници на платформи, брзо ќе се изгубат голем број на корисници и идејата за корисниците е да се овозможи воведување на претплата за некоја сопствена дополнителна содржина. Тоа го најави Twitter, а наскоро се очекува и од Instagram. Во последната надградба на апликацијата за iOS и Android, се појави нова можност за купување во апликацијата, наречена Instagram Subscriptions, односно претплата за Instagram.

Официјално Meta не ја коментира оваа опција, која се уште не е достапна за корисниците, а се појавила само за корисниците на САД. Аналитичарите сметаат дека опцијата е наменета за оние што креираат содржини, а во иднина ќе може да наплатуваат, а за корисниците ќе бидат достапни две опции за месечна претплата: 0,99 и 4,99 долари.