Cowon R7 – нешто поразлично од Android и iOS

Објавено на 07.12.2011 во Новости



Cowon R7 – нешто поразлично од Android и iOS

 

Cowon е позната компанија која произведува уреди со Windows CE, а овој пат таа го претстави таблетот Cowon R7.
 
Тој е од категоријата R7 0 7 инчен таблет со full HD резолуција. Иако тој е само 7 инча, сепак доаѓа со дисплеј со резолуција од 800 x 480 пиксели, а прикажува и видео содржина од 1080p преку HDMI излез.
 
Иако CE 6.0 OS има ниска резолуција и е доста стар, има и некои позитивни работи: ненормално издржлива батерија и огромен број на формати и кодеди. А, бидејќи R7 доаѓа со 64GB внатрешна меморија и има слот за проширување преку microSD мемориска картичка, имате огромен простор на располагање.
 
Се разбира, сите очекуваа Android или барем WiFi конекција за пребарување на интернет, но Cowon е познат како свое-глава компанија, така што и овој таблет не е исклучок.