Аналитичарите очекуваат продажба од 80 милиони iPhone телефони ова тримесечје

Објавено на 17.11.2021 во Новости



Аналитичарите очекуваат продажба од 80 милиони iPhone телефони ова тримесечје

Аналитичарот Даниел Ајвс проценил дека би можеле да се продадат дури 80 милиони iPhone-и за време на последното тримесечје од 2021 година, а тоа ќе се открие во првото тримесечје на 2022 година. 

Ајвс тврди дека побарувачката за iPhone 13 серијата ја надминува понудата за 15%. Новите модели на iPhone 13 Pro се опремени со ProMotion дисплеи, што емитуваат слика по 120 пати во секунда. Apple ги подобрил батериите на новите телефони, при што iPhone 13 Pro Max го нуди најдобриот батериски живот кај iPhone, било кога направен. Камерите се надградени со Cinematic Mode, додека корисниците може автоматски да го подесуваат фокусот. 





Прочитајте повеќе: