Протекоа рендери со Moto G200 5G, доаѓа со Snapdragon 888+

Објавено на 17.11.2021 во Новости



Протекоа рендери со Moto G200 5G, доаѓа со Snapdragon 888+

Motorola полека се издигнува во смартфон индустријата со добри модели на телефони. Компанијата во сопственост на Lenovo минативе години привлекоа голем интерес од страна на корисниците. Сепак, новиот модел Moto G200 5G е на пат да се лансира, а во меѓувреме се откриваат и неговите спецификации.

Moto G200 пристигнува со Snapdragon 888+ процесорот, примарен сензор од 108MP, секундарен од 13MP, третиот од 2MP, додека предната селфи камера со 16MP. Екранот ќе биде со Full HD+ резолуција со 144Hz, 8GB RAM меморија. Moto G200 5G се очекува да го има во САД, Азија и Европа. Цените се уште не може да се прогнозираат.

Автор: Aleksandar Stankov