Суперкомпјутерот Фугаку е најбрз во светот, врши 442 квадрилиони пресметки во секунда

Објавено на 17.11.2021 во Новости



Суперкомпјутерот Фугаку е најбрз во светот, врши 442 квадрилиони пресметки во секунда

Јапонскиот суперкомпјутер Фугаку е во сопственост на компанијата Фуџицу. Тој се издигна прв на списокот на најбрзи суперкомпјутери во светот - „Топ 500“ од меѓународниот проект. Суперкомпјутерот може да изврши над 442 квадрилиони пресметки во секунда, што е еднакво на три пати поголема брзина од онаа на суперкомпјутерот Самит во Националната лабораторија на САД, Оук Риџ, Тенеси. Тој е на второ место.

Фугаку моментално се употребува за над 100 истражувања, вклучувајќи го и истражувањето за пандемијата со коронавирусот, за развој на вештачка интелигенција и временска прогноза.