9 НАЈКОРИСНИТЕ ANDROID АПЛИКАЦИИ ЗА ЕДУКАЦИЈА
Најголемата здравствена и економска криза што го зафати светот предизвикана од пандемијата КОВИД 19, вистински не научи како паметно да ги ползуваме телефоните. Тие сериозно станаа и неодминлива алатка, дури и во непосредниот процес на on line настава. Според анализите на експертите неколку Android апликации се рангираат како најкорисни токму за процесот на едукација.
- Women Who Changed the World
- Time Immersive
- Elements of Photography
- Fluent Forever
- SmartPlant
- Flowkey
- Learn Java Pro
- Mobile Observatory 3 Pro – Astronomy
- MasterClass
Women Who Changed the World - жените секогаш имале значаен удел во создавањето на историјата и историските настани, но во современата литерура, нивното значење и улога не секогаш го имаат вистинскиот третман. Оваа апликација има одличен однос кон значајните жени кои го сменија светот и со нејзина помош лесно ќе можете да се потсетите кои биле најпознатите жени во историјата.
Time Immersive - ова е апликација како создадена за корисниците кои сакаат да имаат нов, поангажиран, проактивен и сеопфатен начин за интеракција со новинарството. Импресивно и предизвикувачки.
Elements of Photography - е апликација со која можете да го надградите и развивате своето знаење за фотографиите и начинот на фотографирање. Впуштете во акција, Вашите фотографии ќе бидат прекрасни.
Fluent Forever - одлична апликација за учење странски јазици, со сериозен и помалку забавен пристап.
SmartPlant - за Вас, љубителите на растенија, во домот или вашиот двор, оваа апликација е вистинскиот избор. Со неа ќе научите како на најдобар начин да ги одгледувате омилените растенија.
Flowkey - дали можеби сте се запрашале како најлесно да научите да свирите клавир. Оваа апликација го овозможува токму тоа искуство. Обезбедува дури и feedback на вашето свирење, така што Flowkey преку микрофонот на вашиот телефон, без USB кабел, „ќе слуша“ како свирите клавир. Интересно, а, па пробајте!
Learn Java Pro - со оваа апликација научете како да кодирате со еден од најдобрите програмски јазици.
Learn Spanish with Lirica - за вкусовите и боите не се расправа, а ако ваша омилена слабост се шпанскиот јазик и музиката, тогаш оваа апликација е вистинскиот избор. Ушете шпански со песна !
Mobile Observatory 3 Pro - Astronomy – оваа апликација е создадена за вљубениците во вселената. Направена е ккао сеопфатен астрономски уред, кој што овозможува да го видите секој детал на небото.
MasterClass - е оваа апликација е вистинско сеучилиште. Таа ви нуди лекции од сите сфери во животот, од готвење до глума, креативно пишување и што уште не. Не чекајте!