Amazon забранува користење на VISA кредитна картичка во Велика Британија!?

Објавено на 19.11.2021 во Новости



Amazon забранува користење на VISA кредитна картичка во Велика Британија!?

VISA истакнаа дека се разочарани од Amazon поради забраната за купување со VISA во Обединетото Кралство. 

„Многу сме разочарани што Amazon се заканува да го ограничи изборот на потрошувачите во иднина. Кога изборот на потрошувачите е ограничен, никој не победува“, изјавил портпаролот на VISA.

Amazon од 2022 година ги стопира купувањата со кредитните картички на Visa издадени во Обединетото Кралство. Ова е најновиот обид на онлајн гигантот да се спротивстави за надоместоците со трансакции, кои ги наплаќаат платежните мрежи. Корисниците на Amazon се известени за промените, од 19 јануари 2022 година, Amazon повеќе нема да прифаќа Visa кредитни картички, издадени во Велика Британија. 

Аналитичарите сметаат дека ова е обид на компанијата на Џеф Безос да се спротивстави на надоместоците за трансакции, кои што се наплаќаат на платежните мрежи како што е VISA. Цената на кредитните и дебитните картички пораснала за 150 милиони фунти годишно, со загуба и на британските и на европските трговци.





Прочитајте повеќе: