Google направи пионерски договор со AFP, ќе му плаќа за вестите во Европа

Објавено на 19.11.2021 во Новости



Google направи пионерски договор со AFP, ќе му плаќа за вестите во Европа

Google склучи договор со француската новинска агенција Agence France-Presse (AFP), а во среда официјално соопштија дека поптпишале „пионерски“ 5 годишен договор, што предвидува интернет гигантот да му плаќа на AFP за вестите во Европа, но не наведуваат која ќе биде вредноста на договорот склучен според новиот француски закон. 

Договорот следува после 18 месеци преговори за примена на Европската директива од 2019 година за таканареченото сродно право. Ваквото право е предвидено да ги регулира сите глобални спорови меѓу веб гигантите и медиумите, околу плаќањето за користење на интернет вести и останати содржини.