Samsung Galaxy Z Fold 4 ќе овозможи премиум камера за корисниците

Објавено на 20.11.2021 во Новости



Samsung Galaxy Z Fold 4 ќе овозможи премиум камера за корисниците

Следниот преклопен смартфон на Samsung ќе биде претставен за неколку месеци, а благодарение на ликстерот Naver знаеме и што да очекуваме. Galaxy Z Fold 4 ќе има двојна камера под дисплејот, која ќе биде многу подобра во споредба со онаа на Galaxy Z Fold 3.

Fold 4 ќе има подобрена задна камера во споредба со сегашниот модел, иста батерија од 4,400mAh и ќе биде отпорен на прашина. Galaxy Z Flip 4 би можел да има и дупка во екранот за камерата. Galaxy Z Flip 4 ќе биде со подобрен механизам за отварање на телефонот, подобра водоотпорност и отпорност на прашина и истата батерија како претходната генерација. Четвртата Z-серија на SAMSUNG се очекува во август, 2022 година. Samsung очекува тројно повисока продажба на преклопни смартфони, што е еднакво на 9.8 милиони парчиња, во споредба со оваа година, за која се очекува продажба до 3.2 милиони.

Автор: Aleksandar Stankov