Moto Watch 100 е неверојатно евтин смартчасовник со долготрајна батерија

Објавено на 21.11.2021 во Смарт часовници



Moto Watch 100 е неверојатно евтин смартчасовник со долготрајна батерија

Moto Watch 100 се спрема многу интензивно за првото тримесечје на 2022 година. Моментално е достапен само за преднарачки во САД во сребрена и црна боја, додека испораката започнува на 10 декември. Цената на Moto Watch 100 изнесува 100 долари.

Најголемата слабост на овој смартчасовник е недостатокот на Wear OS од Google. Тука го имаме оперативниот систем Moto OS, за кого компанијата тврди дека е високо енергетски ефикасен, со долготрајна батерија.

Содржи многу фитнес алатки и параметри за следење на здравјето: мери отчукувања на срцето, акцелерометар, жироскоп за GPS конекција, SpO2 сензор за мерење на кислород во крвта, со 26 режими за спорт. Доаѓа со робусно алуминиумско куќиште од 42мм, 5ATM водоотпорност, и можност за менување на ременчето.

Moto Watch 100 содржи батерија со капацитет од 355mAh, која се полни за 60 минути, има кружен LCD панел од 1.3-инчи и изгледа одлично. Да, Moto Watch 100 има и Always-on Display функција, што е навистина добро. Само да го имаше уште софтверот на Google и се ќе беше перфектно.