Apple Car ќе биде лансиран до 2025 без волан, гас и сопирачки

Објавено на 22.11.2021 во Новости



Apple Car ќе биде лансиран до 2025 без волан, гас и сопирачки

Apple за четири години би требало да го претстават новиот автомобил Apple Car. Apple започна со развој на автомобил уште од 2014 година, па со текот на времето ги менуваше плановите постојано. Подоцна се фокусираа на развој на софтвер за автономно возење што би го лиценцирале кај производителите на возила, но последните гласини велат дека Тим Кук навистина почнувас о развој на сопствено електрично возило.

Описот на возилата на Apple е дефинитивно футуристички, затоа што во него не би требало да има волан, ниту педали за гас и сопирачка. Apple Car би требало да биде целосно автономен, со цел неговите сопственици да бидат само патници во него, додека управувањето со возилото ќе го препуштат на компјутер.Новиот Apple чип на кои што инженерите работат одредено време, е „најнапредната компонента што Apple интерно ја развил досега“, тврдат од Bloomberg





Прочитајте повеќе: