Корисниците на Netflix на удар на измамници

Објавено на 22.11.2021 во Новости



Корисниците на Netflix на удар на измамници

Netflix е најпопуларниот стриминг видеосервис што има многу претплатници во светот. Netflix е привлечен за хакери и измамници, затоа што таму може да извлечат многу информации за корисничките имиња на корисниците, лозинките, бројот на сметка во банка и друго. 

Kaspersky е компанија за компјутерска безбедност и предупредува дека неделава на удар на хакери се корисниците на Netflix, исто како и Disney Plus и Amazon Prime. Хакерите користат фишер измама и им испраќаат на корисниците мејлови во кои што се предупредуваат дека треба да ги внесат своите податоци за плаќање или ќе го изгубат пристапот кон сервисите. Кога ќе го кликнат лажниот линк од Netflix, излегува страница слична на Netflix, каде ги внесувате своите лични податоци, корисничко име, лозинка, сметка од банка и лозинка за неа. Така хакерите ги снимаат личните податоци од тој прозорец и ги продаваат на dark web или ги злоупотребуваат.

Автор: Aleksandar Stankov