Ел Салвадор ќе гради Bitcoin City во подножјето на вулканот: „градот ќе има се“

Објавено на 23.11.2021 во Новости



Ел Салвадор ќе гради Bitcoin City во подножјето на вулканот: „градот ќе има се“

Латиноамериканската држава Ел Салвадор планира да изгради Bitcoin City во подножјето на вулканот. Со Bitcoin ќе го финансираат проектот за изградба на град, објаснува претседателот на државата. Обликот на градот ќе биде кружен, со цел да обликува голема кованица. Планирано е да се изгради во Ла Униона, вели Најиб Букеле, претседателот на Ел Салвадор.

Градот ќе ја користи термалната енергија на вулканот Кончагва, со цел да се рудари bitcoin. Инаку, Ел Салвадор, стана првата земја во светот што ја користи таа криптовалута како законско средство за плаќање. Букеле тврди дека тој град ќе има се: станбени згради, комерцијални локали, сервиси, забавам кафе барови, музеи, ресторани, аеродром, железница, сето тоа ќе биде посветено на bitcoin, вели 40-годишниот претседател. Целата јавна инфраструктура ќе чини 300.000 bitcoin-и.