USB-C за iPhone 14 Pro моделите, Apple дизајнирал 5G модем чип за 2023

Објавено на 23.11.2021 во Новости



USB-C за iPhone 14 Pro моделите, Apple дизајнирал 5G модем чип за 2023

iPhone 14 Pro изгледа дека се движи конечно кон USB-C влез за полнење без соодветниот Lightning влез. Apple би можел исто така да користи и свој сопствен модем чип за мобилните уреди. Неколку извори велат дека Apple планира да го замени Lightning портот со USB-C порт, почнувајќи од iPhone 14 Pro и iPhone 14 Pro Max. 

Apple сака да ја направи оваа промена со цел побрз трансфер на податоци со USB-C. Другата причина е што Apple е приморан да го смени својот конектор во USB-C за iPhone поради налогот од Европската унија, со цел да се воведе универзален полнач за сите смартфони со USB-C port. Анонимни извори тврдат дека Qualcomm веќе нема да ја снабдува компанијата за iPhone со чипови, затоа што Apple самиот ќе дизајнира нови 5G модем чипови, изработени од TSMC.