Најголемите ривали од историјата, САД и Русија организираат заедничка мисија на Венера

Објавено на 23.11.2021 во Новости



Најголемите ривали од историјата, САД и Русија организираат заедничка мисија на Венера

САД и Русија потврдија дека организираат заедничка мисија на Венера, изјави генералниот директор на Роскосмос, Дмитриј Рогозин: „Со Американците се договоривме за заедничка мисија на Венера. Венера традиционално се смета за `руска планета`, бидејќи на неа прво слета советското вселенско летало“.

Заедничката руско-американската мисија ќе се нарекува „Венера-Д“ и ќе се оствари со цел да биде поекономична, да биде поедноставна за технолошките и научните аспекти. 

„Полесно е ваквите прашања да се решаваат заедно, користејќи ги талентите на нашите научници, а истовремено ќе биде економски поедноставно и посигурно кога станува збор за технолошките операции. Поради сето тоа, за ова се заинтересирани и САД“, додава Рогозин.