Потегот на Ел Салвадор со изградба на рудник за Bitcoin ги вознемири ММФ
Објавено на 23.11.2021 во Новости
Меѓународниот монетарен фонд ММФ предупредува дека Bitcoin претставува голем ризик за потрошувачите, цитирајќи го неодамнешниот потег на јужноамериканската држава Ел Салвадор, која ја прогласи криптовалутата за законски платежно средство.
„Додека криптовалутите и дигиталните пари имаат потенцијал да ги направат системите за плаќање поефикасни, одлуката на Ел Салвадор да воведе Bitcoin како легално платежно средство е всушност ризична“, истакнаа од ММФ.
Претседателот Најиб Букеле изјави дека официјално ќе се гради Bitcoin City, кој ќе ја употребува термалната енергија на вулканот за да рудари Bitcoin.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.