Зголемена побарувачката за Samsung Watch, полека се приближува кон тронот

Објавено на 24.11.2021 во Новости



Зголемена побарувачката за Samsung Watch, полека се приближува кон тронот

Во третото тримесечје на 2021 година се забележани големи промени што укажуваат и на одредени трендови што можеме да ги очекуваме во иднина. Samsung веќе се приближи многу до Apple, со оглед на тоа што Apple Watch во претходната година имаше 28% од глобалниот пазар, а сега тој удел паднал на 22%. 

Samsung е компанија што полека расте, а нејзиниот удел на пазарот расте постојано. Сега најмногу од било кога расте, затоа што Galaxy Watch 4 поттикна голем број на испораки, гласи извештајот на Counterpoint. На трето место е Amazfit, кој зазема 6% од глобалниот пазар.





Прочитајте повеќе: