Ракопис на Алберт Ајнштајн продаден за неверојатни 11 милиони евра

Објавено на 24.11.2021 во Новости



Ракопис на Алберт Ајнштајн продаден за неверојатни 11 милиони евра

Физичарот Алберт Ајнштајн бил генијалец во своето време и после своето време, кој до ден денеска се цитира постојано, најчесто со неговата теорија за релативност. Ракописот со зачетоците на неговата општа теорија за релативноста е продаден во вторникот на аукција во Париз, за неверојатна сума од 11,6 милиони евра.

Претходно беше постигнат рекорд со ракопис на Ајнштајн во против врдност од 2,4 милиони евра, за писмото за Господ продадено во 2018 година. Две кратки белешки што Ајнштајн ги оставил на момче во хотел во Токио, каде ја опишува неговата формула за среќата, се продадени во 2017 година во Ерусалим за 1,39 милиони евра.