Winamp се враќа редизајниран во ново руво, за сите музички ентузијасти

Објавено на 24.11.2021 во Новости



Winamp се враќа редизајниран во ново руво, за сите музички ентузијасти

1997 година беше објавена програмата за слушање музика, Winamp, која за брзо време стана мега популарна и еден од најдобрите компјутерски музички плеери. Сега е повторно во фаза на активен развој, но нема да изгледа таков каков што го памтиме. 

Проблемот со Winamp кога излезе беше лошото ажурирање, па така почна да опаѓа. Сите подоцнежни обиди за да оживее музичкиот плеер беа неуспешни. Winamp сега е редизајниран, а AudioValley, компанијата во сопственост на Winamp, истакнува дека новиот плеер „ќе препрасне во платформа што ги обединува аудио ентузијастите, ги поврзува креаторите и потрошувачите на музика, подкасти, радио станици, аудио книги и која било друга содржина“.