Индија со закон ќе забранува приватни криптовалути

Објавено на 25.11.2021 во Новости



Индија со закон ќе забранува приватни криптовалути

Предлог закон ќе поднесе индиската влада со цел да се забрани тргувањето со криптовалути во државата, но ќе поддржи рамка за дигитални пари со поддршка од централната банка.

Долниот дом на Парламентот во Индија соопшти дека предлог законот има за цел да ги забрани сите приватни криптовалути во Индија, затоа што претставуваат ризик за помладите генерации и може да ја расипе младината ако падне во погрешни раце.

Се проценува дека во Индија поседуваат криптовалути од 15 до 100 милиони луѓе, кои вредат околу милијарда долари. Инаку, државата работи на воведување на сопствена валута до крајот на 2021 година.