Promobot со оглас за лик на робот, може да заработите 200.000 долари

Објавено на 25.11.2021 во Новости



Promobot со оглас за лик на робот, може да заработите 200.000 долари

Promobot е компанија што произведува роботи и има понуда од 200.000 долари за оние што ќе сакаат да го дадат ликот и гласот за креирање на робот. Се работи за истата компанија што претходно се нарекуваше Robot-C, која што Арнолд Шварценегер ја тужеше, затоа што роботот изгледаше идентично како него.

Поентата на Promobot е да креира лик на робот што ќе биде наменет за продажба како работник во хотел како рецепционер, носач на куфери, за продажба во трговски центри и секаде каде што има работни места со голем број на луѓе. Огласот е отворен за сите лица што се постари од 25 години.