Три источноевропски земји ќе имаат нови фабрики за производство на микрочипови

Објавено на 26.11.2021 во Новости



Три источноевропски земји ќе имаат нови фабрики за производство на микрочипови

Тајван ја разгледува можноста за соработка со Словачка, Чешка и Литванија за производстов на чипови, изјави тајванскиот министери, иако водечкиот производител TSMC засега планира да гради погони само во САД и во матичната земја. 

„Целиот синџир за снабдување со полупроводници е огромен. Многу земји во него може да играат поинакви улоги“, изјави Кунг Минг-Хсин, шефот на тајванскиот Национален совет за развој, откако бил во посета на трите земји.

Сите три наведени земји изразиле спремност за соработка со Тајван околу производството и дистрибуцијата на полупроводничките чипови. Инаку, Тајван има 63% учество на глобалниот пазар на полупроводници, а TSMC држи 54% од глобалниот пазар на чипови. Apple и Nvidia ги набавуваат своите чипови токму од тајванскиот производител до 90% од своите побарувања.





Прочитајте повеќе: