Компаниите почнуваат со гасење на профилите поради штетноста на социјалните мрежи

Објавено на 26.11.2021 во Новости



Компаниите почнуваат со гасење на профилите поради штетноста на социјалните мрежи

После откривањето од ликстерката Хоген занегативното влијане на Instagram врз младите, особено девојчињата, ништо конкретно не се случи, Facebook, т.е. Meta ја демантираше таа информација, додека останатите компании продолжија да ги користат социјалните мрежи како и претходно, затоа што така стигнуваат најефикасно до своите клиенти.

Компанијата Lush Cosmetics одлучила да ги згасне своите профили на Facebook, Instagram, TikTok и Snapchat, кои што имаат штетно влијание врз младите луѓе. Тие се многу популарни кај сите групи на возрасти и велат дека се уморни од алгоритмите и сакаат директно да разговараат со своите корисници.