Google и Apple добија шлаканица од Италијанците со казни по 10 милиони евра

Објавено на 27.11.2021 во Новости



Google и Apple добија шлаканица од Италијанците со казни по 10 милиони евра

Италијанскиот регулатор за заштита на пазарна конкуренција им изрече парични казни на Google и Apple од 10 милиони евра поради агресивна пракса поврзана со комерцијална употреба на кориснички податоци. 

Наведено е дека компаниите не овозможиле јасни и непосредни информации за тоа како ги собираат и употребуваат податоците на корисниците со нивните услуги. Google и Apple изразуваат несогласување со одлуката и најавуваат жалба на донесената одлука.