Mercedes хипер автомобил со голема автономија доаѓа во 2022

Објавено на 27.11.2021 во Новости



Mercedes хипер автомобил со голема автономија доаѓа во 2022

Mercedes Benz најави дека го надградија нивното хиперефикасно електрично возило, кое што би требало да има автономија на движење до 1000 километри на EQ платформата, што следната година ќе биде официјално претставено пред јавноста. 

Mercedes засега има две електрични возила во својата линија, достапни за возачите, кои се одлично прифатени. Новиот адут на Mercedes се нарекува VISION EQXX, претставен од Маркус Шефер, оперативен шеф во Mercedes Benz. Официјалното претставување на новиот модел ќе се реализира во 2022 година.