Apple Glasses од 2022 година ќе значат почеток за крајот на iPhone

Објавено на 29.11.2021 во Новости



Apple Glasses од 2022 година ќе значат почеток за крајот на iPhone

Apple секогаш се спрема за иднината. Овој пат се спрема за иднината во која што нема да се користат смартфони и во која нема да се произведува iPhone. Со години се зборува дека AR очилата ќе ги заменат смартфоните.

Се разбира, со години ги има овие гласини, но немаме конкретен одговор кога и на кој начин би се заменил iPhone. Минг Чу-Куо тврди дека Apple Glasses би требало да пристигнат со два процесора, едниот со моќни перформанси, сличен на M1 процесорот, кој што го има во последната генерација на Apple Mac, додека другиот процесор ќе биде послаб и ќе управува со сензори.

Првиот модел на AR очила треба да го очекуваме на крајот на 2022 година, со кој што ќе може да се управува без поврзување со iPhone и Mac. Очилата ќе имаат поддршка за различни видови на апликации. Ова би бил еден од првите чекори со нагласувањето на крајот на iPhone, но уредот треба да го очекуваме усовршен во рок од 10 години. Apple Glasses ќе бидат со поддршка за виртуелна реалност, благодарение на Sony 4K Micro OLED екраните.

Автор: Aleksandar Stankov