Ако сте инвеститор во криптовалути, чувајте се од Babadeda

Објавено на 29.11.2021 во Новости



Ако сте инвеститор во криптовалути, чувајте се од Babadeda

Крипто хакерите не можат да се откријат поради новиот малвер Babadeda, кој се инсталира на компјутерските програми. За него сајбер експертите велат дека со блокчејн им овозможува на крадците да се пробијат во каналите на Discord

Еднаш кога крипто крадците ќе упаднат во Discord платформата, почнуваат со воведување на малициозни кампањи користејќи Babadeda, што им овозможува да крадат NFT, DeFi и други дигитални токени, објаснуваат експертите. Новиот малвер може да избегне антивирусна заштита, што на хакерите им овозможува да упаѓаат на каналите на Discord незабележливо. Ако забележите било што сомнително, веднаш контактирајте ја службата за корисници на вашата крипто менувачница или крипто паричникот кој што го користите и променете ја лозинката.