Samsung Galaxy Note производството завршува следниот месец

Објавено на 29.11.2021 во Новости



Samsung Galaxy Note производството завршува следниот месец

Ако се уште се надевате дека Samsung Galaxy Note серијата ќе се врати еден ден, ве известуваме дека тоа најверојатно нема да се случи. ET News соопштува дека Samsung го прекинува производството на Galaxy Note 20 до крајот на 2021 година, а компанијата нема планови да лансира нов модел во 2022 година.

Samsung не лансираше Note уред годинава, но затоа ја продолжи преклопната Z-серија со Galaxy Z Fold 3 и најмоќниот од S-класата Galaxy S21 Ultra, како еден вид замена, со тоа што ги создаде со поддршка за S Pen стилус. Тоа беше препознатливо за Note серијата. Наследникот на Galaxy Note 20 требаше да биде претставен во 2022 година, но компанијата се премисли и сега Galaxy S22 Ultra се води како „Note наследник“.