Renault 4 слави 60-ти роденден, наместо тркала, сега има пропелери

Објавено на 29.11.2021 во Новости



Renault 4 слави 60-ти роденден, наместо тркала, сега има пропелери

Renault 4 беше супер хит автомобил во своето време, кој што се произведуваше од 1961 до 1992 година. Моделот сега слави 60 години постоење, кој во соработка со Mobility Ecosystem Development Center TheArsenale, сега има футуристички дизајн со пропелери.

Новиот концепт е изработен со неверојатно добар дизајн, кој дефинитивно се базира на традиционалниот дизајн. Со сегашните надополнувања изгледа феноменално. Погледнете ги сите слики, веруваме дека ќе бидете воодушевени.

AIR4 нема погон на тркала, туку пропелери со две сечила – по еден во секој агол на возилото. Сега е електрично возило и се напојува со литиум-полимерни батерии од 22.000mAh, со вкупен капацитет од околу 90.000mAh. Максималната брзина од 26m/s при хоризонтален лет, е со наклон од 45° до максимални 70°.