Џек Дорси потврди: Си дадов отказ од Twitter

Објавено на 30.11.2021 во Новости



Џек Дорси потврди: Си дадов отказ од Twitter

Основачот и извршен директор на Twitter, Џек Дорси, испратил мејл до сите вработени дека заминува од челото на социјалната мрежа. Дорси порано работеше како извршен директор на Twitter од 2006 до 2008 година, но повторно се врати на истата позиција во 2015 година.

„Поздрав до тимот,

После речиси 16 година работа во компанијата... од коосновач до извршен директор до претседател до извршен претседател до привремен извршен директор до извршен директор... одлучив дека е крајно време да заминам. Зошто?

Постојат многу тврдења дека компанијата мора да ја води нејзиниот основач. За крај, верувам дека тоа е многу ограничувачки и точката во која што може да згрешиме. Напорно работев за да направам компанијата да може да се оддели од основачот и основањето“.

Џек Дорси мисли дека сега е вистинскиот момент да си замине од оваа функција, затоа што Параг Агравал е новиот извршен директор, кој ја разбира компанијата и нејзините потреби. Тој бил зад сите клучни одлуки што и помогнале на компанијата.