Xiaomi гради фабрика за електрични возила, ќе произведува 300.000 возила годишно

Објавено на 30.11.2021 во Новости



Xiaomi гради фабрика за електрични возила, ќе произведува 300.000 возила годишно

Кинескиот гигант Xiaomi е познат по производството на смартфони и потрошувачка електроника, сега гради фабрика за електрични автомобили, кои што годишно ќе може да произведуваат до 300.000 возила, потврдува кинеската влада. Фабриката на Xiaomi ќе се гради во две фази, која ќе ги прави седиштата за својот оддел, продажбата и истражувањата.

Фабриката и споредните објекти ќе бидат изградени во економско-технолошката развојна зона на Пекинг, открива агенцијата за економски развој Bejing E-Town. Истата агенција очекува од компанијата да постигне количина за масовна потрошувачка до 2024 година, што го најави и шефот на Xiaomi, Леи Џун уште во октомври. Xiaomi инвестираше веќе 10 милијарди долари во својот нов автомобилски оддел за наредните 10 години, а регистриран е и новиот оддел за производство на електрични возила, кои се планирани да се произведуваат до 300 илјади автомобили годишно.

Автор: Aleksandar Stankov