Twitter забранува споделување на туѓи фотографии и видеа без дозвола

Објавено на 01.12.2021 во Новости



Twitter забранува споделување на туѓи фотографии и видеа без дозвола

Twitter одлучи да ги заостри правилата на приватност, со цел да им понуди на корисниците побезбедно место на интернет. На официјалната страница објавија дека сега не е дозволено да се објавуваат туѓи приватни информации како што се телефонски броеви, адреси, лични документи и слично.

„Кога ќе примаме пријава дека твитот содржи неовластени приватни видеа, ќе преземеме мерки во согласност со нашите можности“, истакнуваат од Twitter.

Во последно време се почесто го има проблемот со „злоупотреба на медиумите и информации што не се достапни како алатка за заплашување, злоставување и откривање на идентитетот на поединецот“. Објавувањето на лични слики и видеа може да ја наруши приватноста на поединецот и да доведе до емоционална и физичка штета. Twitter сака на тоа да стави крај.