Евтиниот iPhone SE 3 пристигнува на почетокот на 2022

Објавено на 01.12.2021 во Новости



Евтиниот iPhone SE 3 пристигнува на почетокот на 2022

Apple уште на почетокот на 2022 би можел да ја претстави новата генерација на iPhone. Тоа нема да бидат топ моделите од iPhone 14 серијата, туку третата генерација на SE серијата. Станува збор за ценовно прифатлив телефон, со комбинација од ретро дизајн и моќен хардвер.

iPhone SE 3 ќе го задржи стариот дизајн на iPhone 8, кој беше претставен во 2017 година, модел за кого имаме поголеми рабови околу екранот. Неговата дијагонала би требало да изнесува 4,7 инчи, вклучувајќи ја и предната камера за селфи сместена во горниот дел над екранот. Под хауба ќе има A15 Bionic процесор, што е вграден во iPhone 13, а за прв пат кај SE серијата се очекува и 5G технологија. Се уште останува непознато колкава ќе биде цената на iPhone SE 3. 





Прочитајте повеќе: