Дејвид Маркус ја напушта функцијата технолошки директор во Фејсбук

Објавено на 02.12.2021 во Новости



Дејвид Маркус ја напушта функцијата технолошки директор во Фејсбук

Директорот во финансискиот и технолошкиот сектор на Фејсбук, Дејвид Маркус, официјално објави дека на крајот на 2021 година го напушта Фејсбук за да почне нов бизнис. Маркус имаше улога во Фејсбук да ја развие криптовалутата Дием и апликацијата за дигитален паричник New.

Неговото заминување, особено во овој период е голема работа дефинитивно, затоа што многу нешта зависеле од него, а сега повеќе од никогаш има многу холдери на крипто. Извршниот директор Марк Цукерберг му се заблагодари на Маркус за неговиот голем придонес во развојот на Дием и другите големи развојни проекти на компанијата: „Не би имале толку голем замав со Дием без твоето водство и благодарен сум што ја направи Мета - место каде што правиме големи инвестиции“.