SAMSUNG доминантен на пазарот, а зголемена и побарувачката за преклопни смартфони

Објавено на 02.12.2021 во Новости



SAMSUNG доминантен на пазарот, а зголемена и побарувачката за преклопни смартфони

Samsung со новите преклопни смартфони Z Fold и Z Flip, успеа да даде и пониска цена. Последиците од тоа се зголемена побарувачка на пазарот за тие уреди. Во споредба со истиот квартал минатата година, бројот на испораки за преклопни смартфони пораснал речиси за 500%, додека во споредба со претходниот квартал, тој пораст беше 215%.

Тоа е јасен показател за зголемениот интерес за таков дизајн на смартфон. Во последното тримесечје се испорачани повеќе преклопни смартфони во споредба со бројот на испораки во минатите четири квартала. Во третиот квартал се испорачани 2,6 милиони уреди, а најголемиот удел на пазарот го зазема Samsung со дури 93%, додека останатиот удел на пазарот му припаѓа на Huawei