Facebook повторно отстрани мрежи што шират дезинформации за пандемијата

Објавено на 02.12.2021 во Новости



Facebook повторно отстрани мрежи што шират дезинформации за пандемијата

Meta соопшти во средна дека отстранила злонамерни мрежи кои што се користеле за расправа за вакцината, со цел да се вознемируваат експертите и да се внесува раздор во општеството. Facebook ги вложува сите напори и механизми за да се спречат дезинформациите за коронавирусот.

„Навредувале лекари, новинари и застапници, нарекувајќи ги приврзаници на нацизмот, затоа што промовирале вакцинирање против COVID-19, тврдејќи дека задолжителното вакцинирање доведува до здравствена диктатура“, рекол Мајк Двиљански, директор за истрага на закани, за време на конференцијата за новинари. 

Автор: Aleksandar Stankov