Камерата кај новите смартфони со Qualcomm нема никогаш да се исклучува

Објавено на 03.12.2021 во Новости



Камерата кај новите смартфони со Qualcomm нема никогаш да се исклучува

Новиот процесор на Qualcomm од 2022 година ќе овозможи за камерите постојано да го скенираат вашето лице, дури и кога не го употребувате вашиот смартфон. Предната камера на телефонот секогаш безбедно ќе го бара вашето лице, дури и ако не го допирате или кренете телефонот за да го разбудите.

Џад Хип, потпретседателот на Qualcomm Technologies ги претстави новите можности на камерата која што секогаш ќе биде вклучена со новиот чипсет Snapdragon 8 Gen 1. Чипсетот ќе биде достапен кај премиум Android смартфони на почетокот на 2022 година.