Samsung би можел да го открие Galaxy S21 FE 5G годинава

Објавено на 03.12.2021 во Новости



Samsung би можел да го открие Galaxy S21 FE 5G годинава

Крајот на годината се приближува, што обично овој период нема никакви главни настани во мобилната индустрија, но овој пат Galaxy S21 FE 5G би можел да ја прекрши тишината со предновогодишно лансирање. Доколку се лансира пред Нова година, тоа значи дека се пушта во продажба во јануари 2022 година.

Galaxy S21 FE годинава се очекува да биде со 6.5-инчен дисплеј и цена од $699 со 128GB меморија и 6GB RAM меморија. Под хауба ќе има Snapdragon 888 процесор, Super AMOLED 120Hz дисплеј, 4,500mAh батерија и тројна задна камера од 12 + 12 + 8MP.