Лимитирана едиција на iPhone 13 Pro инспирирана од првиот iPhone чини $6,990

Објавено на 03.12.2021 во Новости



Лимитирана едиција на iPhone 13 Pro инспирирана од првиот iPhone чини $6,990

Се сеќавате ли на првиот iPhone? На 9 јануари, 2007 година, Стив Џобс го претстави на сцената со илјадници луѓе што чекаат ред за да го купат. Првата генерација на iPhone, познат под името iPhone 2G, ја промени мобилната индустрија.

Во чест на сето тоа, Caviar, брендот што изработува ексклузивни дизајни од смартфони и додатоци од луксузни материјали, го лансираше новиот дизајн на iPhone 13 Pro, со делови од оригиналната и прва генерација на iPhone.

Лимитираната верзија на iPhone 13 Pro е со дизајн инспириран од првиот iPhone, кој чини вртоглави $6,990. Новиот iPhone 13 Pro е изработен од 198 делчиња на iPhone 2G, како што Caviar го нарекува. Парчињата биле ставени во затворена капсула, изработени во обликот на логото на Apple, па потоа наполнети со смола за накит. 





Прочитајте повеќе: