Pixel Watch ќе пристигне пролетта 2022, без рамки и со Fitbit елементи
Објавено на 06.12.2021 во Смарт часовници
Google конечно ќе го лансира својот смартачасовник, најверојатно на пролет, следната година. Најверојатно ќе се нарекува Google Pixel Watch, со кодно име "Rohan," и ќе биде Android часовник. Дизајнот на часовникот ќе биде кружен без рамки, а интерфејсот ќе биде Wear OS, платформата што Google и Samsung ја развиваа заедно и дебитираше кај Galaxy Watch 4 серијата.
Амбициите на Google за смартчасовник датираат од 2016 година, но сепак се фокусираше на оперативен систем за смартчасовници и го купи производителот Fitbit. Pixel Watch нема да падне под брендот на Fitbit, само што софтверот би можел да има некои сличности како Fitbit. Pixel Watch ќе содржи алатки за фитнес и здравје, со мониторирање на отчукувањата на срцето и броењето на чекори.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.