Потрошени се 27 милијарди долари на виртуелен имот во NFT во цела 2021

Објавено на 07.12.2021 во Новости



Потрошени се 27 милијарди долари на виртуелен имот во NFT во цела 2021

NFT ја одбележи оваа година кај љубителите на крипто. Незаменливите токени за кратко време станаа исклучително популарни и многумина почнаа да трошат високи суми на пари за да дојдат до виртуелен имот, со надеж дека тој имот ќе добие вредност со текот на времето, па неговата инвестиција ќе порасне.

Најинтересно кај NFT е дека луѓето често трошат стотици илјадници долари, а некои и милиони за најобична дигитална слика. Истата слика на својот компјутер или телефон може да се преземат бесплатно, но кога ќе ја купат како NFT добиваат потврда дека токму тие се сопствениците на оваа изворна слика. Компанијата Chainalysis неодамна го објави извештајот за состојбата на NFT пазарот за 2021 година, кој открива дека корисниците оваа година потрошиле 26,9 милијарди долари на NFT, односно дигитален имот.