Криминалците крадат автомобили со помош на Apple AirTag!?

Објавено на 07.12.2021 во Новости



Криминалците крадат автомобили со помош на Apple AirTag!?

Apple го претстави AirTag во 2020 година, мал уред преку кој што може да се следат уредите и предметите на кои што ќе се постават. Тоа се однесува најчесто за клучеви, кои може да ги изгубите или ако некој ви ги украде, ќе може да ги лоцирате на картичката и ќе ги пронајдете.

Овие мали уреди биле привлечни и за криминалците, кои ги користеле во Канада за лоцирање на автомобилите што ги краделе. На удар овде биле луксузните возила. Ако крадецот забележал некое убаво возило за кражба на јавно место, му ставал AirTag и после ги следеле. Благодарение на него откриваат каде живеат сопствениците и така внимателно ја планираат кражбата. Иако Apple псотавил заштитен механизам за сопствениците да добиваат известување дека некој во близина има непознат AirTag што ја следи нивната локација, сепак сите луѓе не поседуваат iPhone. 

Автор: Aleksandar Stankov