Доаѓа Spartacus, Sony спрема големи новитети за сите сопственици на PlayStation
Објавено на 07.12.2021 во Игри
Sony води на пазарот на играчки конзоли по број на продадени PlayStation примероци, но јапонската компанија не може да му конкурира на Microsoft со своите гејмерски сервиси. За да му конкурира на Microsoft и неговите сервиси, Sony за следната година спрема нов претплатнички сервис со кодно име Spartacus, објавуваат на Bloomberg, повикувајќи се на анонимни извори од Sony.
Новиот сервис би требало да ги обедини моментално достапниот сервис на Sony, PlayStation Plus, со PlayStation Now, а ќе стане достапен на конзолите PS4 и PS5. Новиот сервис на Sony ќе го задржи името PlayStation Plus, додека PlayStation Now ќе го стави во мирување. Spartacus ќе биде со три нивоа на претплати.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.